Uber е еден од највредните стартапи, но во моментов компанијата запаѓа од проблем во проблем. Google поднесе тужба за кражба против интелектуална сопственост, вработени во компанијата се обвинети за сексуален напад, а сега и властите дознаа за алатката Grayball.
Оваа алатка ги користи собраните податоци за да ги обележат и избегнуваат властите и инспекторите. Компанијата го користела методот во градови, но и во цели држави. Така Бостон, Париз и Лас Вегас, но и Австралија, Кина и Јужна Кореа се цели во оваа злоупотреба, јави New York Times.
Компанијата го користела Grayball за да вози во градовите во кои не смееле да возат. Инспекцијата и полицијата гледале лажни возила на своите апликации, па Uber не можел да биде казнет. Програмата им овозможува на Uber кога еднаш ќе бидат казнети или предупредени да го одбележат корисникот, и потоа или да го избегнуваат или да го игнорираат овој корисник. Со ова казните ги избегнуваа и Uber, но и возачите на Uber.
Компанијата ја разви оваа технологија за да ги заштити возачите во реоните каде возачите можеби се цел на напад од таксисти. Grayball за прв пат е забележан во 2014 година. Компанијата го користеше и за да ги скрие возилата во градовите во САД во кои не смееа да се движат. Uber тврди дека во моментов Grayball е активен единствено надвор од САД.
Uber го потврди постоењето на сервисот.
„Оваа програма оневозможува превоз на корисниците кои ги нарушуваат правилата за користење. Без разлика дали сакаат физички да ги повредат возачите, конкуренти кои сакаат да не оневозможат во услугата или противници кои во соработка со властите сакаат да ги навлечат нашите возачи“.
Откривањето на оваа пракса не остана незабележано ниту во Европа. Европскиот парламент поднесе претставка до Европската комисија во која се бара да се провери легалноста на Grayball.







