Паметните автомобили користат ист хардвер

Иако хардверот во најголем број од автономните автомобили доаѓа под различни имиња, речиси е идентичен кај сите производители. Без разлика дали зборувате за „Traffic-Aware Cruise Control and Autosteer“  од Tesla; „IntelliSafe Assist and Pilot Assist“ од Volvo; „Distronic Plus with Steering Assist“ на Mercedes-Benz; „Adaptive Cruise Control with Lane Assist and Traffic Jam Assist“ на Audi… сепак станува збор за истите сензири и принцип на работа, вели Cars Technica.

Системите ги имаат речиси истите сензори, а технологијата ги следи рабовите на патот, oзнаките и останатите автомобили кои учествуваат во сообраќајот. Компјутерот ги анализира овие, но и куп други параметри и ја прилагодува брзината, траекторијата на движење и растојанието од останатите возила.

Компанијата која е зад таа технологија е израелскиот производител Mobileye. Тие тестираат и креираат системи за автоматски возила од 2004 година, и очекуваат дека до 2020 година ќе излезе третата генерција на системите за наведување. Компанијата соработува со најголем дел од производителите на автомобили, вели Зив Аврам, основач и директор на Mobileye.

„Имаме договор со неколку производители, до 2018 година треба да испорачаме систем кој ќе им овозможи на возачите потполно да се исклучат додека се на автопат. Дополнително со GM, Nissan и Volkswagen работиме на технологија за мапирање на патиштата, Road Experience Management ќе биде значителен чекор напред во автономното возење… Новиот чип EyeQ5, кој треба да биде достапен во 2020, ќе биде водечки систем кој ќе го овозможи концептот на автономни возила“, додава г.Аврам.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments