0 коментари 2 мин. читање 31 октомври, 2018

Паметниот термометар Kinsa ги продава податоците на своите корисници

Поврзаните уреди можеби и не секогаш се најдобра идеја. Потврда за ова доаѓа од компанијата Kinsa која е производител на паметен термометар. Компанијата ги продава податоците од своите корисници на производителот на лекови Clorox, јави New York Times.

Паметниот термометар на Kinsa се поврзува на телефонот и му овозможува на корисникот да ја следи својата состојба. Овие податоци за жал одат и во облакот и до нив има пристап и компанијата.

Производителот овие податоци им ги продал на Clorox, компанија која произведува лекови. Компанијата потоа со овие податоци одлучува каде има повеќе корисници со висока температура и ги фокусира рекламите во овие региони.

Добра вест е дека со исклучок на регионот, податоците на корисниците се анонимизираат пред да бидат испратени до компаниите за лекови.

Kinsa е компанија основана 2012 година, а од инвеститорите досега собраа 29 милиони долари. Термометарот на Kinsa го користат 500 000 домаќинства во САД.

Но, ако продавањето на овие податоци не ве изненадува премногу можеби ќе ве изненади патентот на Amazon. Најголемата продавница во светот сака на сопствениците на Echo за кои уредот ќе „наслушне“ кашлање да им понуди капки за кашлица или пилешка супа…

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top