Google ја претстави новата v3, верзија на reCAPTCHA. Како и досега и со новата верзија ќе се прави разлика помеѓу луѓе и ботови кои ја посетуваат страницата.
Најголема предност на v3 е што станува збор за пософистицирана верзија од досегашните. Новата верзија препознава луѓе и ботови без интеракција со луѓето. Во зависност од тоа колку е сомнително однесувањето на „корисникот“ Recaptcha го оценува со оцена помеѓу 0 и 1. Целта секако е да се намалат прекините кои му се испраќаат на корисникот за да потврди дека станува збор за човек.
„Последнава декада reCAPTCHA постојано ја подобрува својата технологија. Со reCAPTCHA v1 секој корисник требаше препознае изобличен текст и да го внесе во текстот. За подобра безбедност и искуство на корисниците, ја воведовме reCAPTCHA v2 и започнавме да следиме многу други сигнали да определиме дали повикот доаѓа од човек или бот. Ова овозможи reCAPTCHA од доминантен предизвик да стане дополнителен предизвик во детектирањето злоупотреби, оставајќи речиси половина од корисниците да минат со единствен клик. Со reCAPTCHA v3, ги менуваме основите на тоа како сајтовите може да детектираат дали станува збор за сомнителна интеракција и да ја отстранат потребата да ги прекинуваат луѓето. Новата верзија има адаптивна анализа на ризици која работи во позадина, и ќе ве извести кога ќе има сомнителен сообраќај“, објаснуваат од Google.
Со промената Google воведува нов концепт во тестирањето наречен акција. Врз база на овие акции ќе се прави оценка од ризикот. Бидејќи нема прекини во работата на посетителите, Google советува reCAPTCHA да се користи на повеќе страници. Потоа врз база на интеракциите и ќе биде креирана оценка која може да се користи на неколку начини:
- Корисникот може да одбере граница во која ќе биде потребно да се направи дополнителна проверка на посетителот. Пример двојно авторизирање.
- Комбинација на reCAPTCHA со податоци кои корисникот ги има со посетителот, пример податоци од трансакции .
- Конечно reCAPTCHA може да се користи и како „тренер“ за вештачката интелигенција која се користи на страната.
Повеќе податоци за reCAPTCHA v3 може да пронајдете на страницата за девелопери.