Серијата Mi Band на Xiaomi во 2022 година продолжува со седмата генерација на фитнес тракери. Mi Band 7 нуди низа фантастични функции, но исто така носи и некои значајни подобрувања. Покрај квалитетот, овој веќе добро познат гаџет се одликува со уште поголема батерија од 180mAh и нов 1,62-инчен full-screen AMOLED екран.
Примарна задача на секој фитнес тракер е да собира податоци поврзани со спортот и вежбањето па за разлика од претходникот, Mi Band 7 доаѓа со 110+ спортски режими.
Подобрен е и SpO2 сензорот, односно сега има можност и за континуирано мониторирање на сатурацијата на кислород во крвта. Доаѓа со вграден сензор за PPG за мерење на отчукувањата на срцето и можност за следење на квалитетот на спиењето. Без сомнеж Band 7 ќе служи добро за дополнителен мониторинг на здравјето.
Новиот Xiaomi Mi Band 7 може да се нарача во веб продавницата на Смартус Македонија со бесплатна достава до дома и 2 години гаранција на следниот линк.