Паметни градови: Мапирање на популарноста на велосипедите за изнајмување

во Свет

Податоците кои ги испраќaат апликациите и нивната визуелизација може да бидат одличен показател за трендовите , вели британскиот истражувач Оливер О’Брајан кој направи визуелизација за користењето на „велосипедите за изнајмување“, налик на оние кои се издаваат и на плоштадот Македонија во Скопје.

Истражувањето опфаќа над 106 „citybike“ центри што е околу 20 отсто од вкупниот број на светско ниво, а опфатени се градови од сите континети, со исклучок на Африка. Анализата на податоци покажува дека проектите за изнамување на велосипеди се поуспешни со зголемување и згуснување на станиците за оставање на велосипедите. Податоците покажуваат и дека изнајмувањето на велосипеди е во пораст, а споредувањето на податоците би можеле да покажат каде треба да се интервенира со повеќе станици или велосипеди. „Големите градови како Деневер или Минеаполис би можеле да имаат повеќе корисници, но премалиот број на станици го ограничува бројот на корисници“, вели г.О’Брајан.

Најголем непријател на ваквите проекти се законите за задолжително носење на кацига за велосипед. Градовите во кои се казнува возењето без кацига имаат искористување на велосипедите еднаш во денот. Интересно, но заштитната кацига е поголем непријател на изнајмувањето, дури и од опасните возачи. Москва која важи за град со агресивни возачи неретко изнајмува 9 од 10 велосипеди, што би значело дека од 900 од 1.000 велосипеди се возат во одредени периоди на денот.

Собирање на податоците во реално време и нивна анализа и визуелизација ќе помогне во пронаоѓање на деловите во кои се потребни повеќе велосипеди, периодите од денот кога велосипедите се потребни и најчесто користените станици. Потам ќе може да се префрлат на велосипеди од една на друга страница, додавање на дополнителни станици, додавање на велосипедски патеки каде тоа е потребно, според сознанијата од истражувањата. Примерот на г. О’Брајан е одлична претстава за тоа како технологијата помага при собирањето на податоци, но и на презентација на истите. Визуелната мапа на изнајмување велосипеди може да ја погледнате тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk