Работни вештини кои беа најбарани во 2014-та

LinkedIn традиционално ја претстави листата на работни вештини кои биле најбарани од работодавачите во 2014 година. Податоците доаѓаат од анализа на 330 милиони корисници на LinkedIn и интересот на работодавачите за нивно вработување. Најбарани во 2014 година се експертите за статистичка анализа и податочно рударење. Компаниите кои станаа дел на Samsung и Google како и HomeKit на Apple како и преносните компјутери, допринесоа дел од професиите да се прераспределат на листата. А на листата се поместија и професиите поврзани со стримањето на ТВ, вели ReadWrite.

Ако имате вештини во некои од овие области, а немате LinkedIn профил, тогаш можеби е време да го креирате својот профил, со оглед на тоа дека најчесто најбараните професии во топ-25 листата ретко се менуваат:

  • Статистичка анализа и податочно рударење;
  • Middleware и софтвер за интеграција;
  • Системи за складирање и управување;
  • Мрежна и информациска безбедност;
  • SEO/SEM маркетинг;
  • Бизнис „разузнавање“;
  • Развој на мобилни уреди;
  • Веб архитектура и развој;
  • Дизајн на алгоритми;
  • Perl/Ruby/Python;
  • податочно инженерство и складирање на податоци;
  • Маркетинг и менаџмент кампања;
  • Mac, Linux и Unix системи;
  • Дизајн на кориснички интерфејс;
  • Регрутирање;
  • Дигитален и онлајн маркетинг;
  • Компјутерска графика и анимација;
  • Економија;
  • Java-развој;
  • Канал маркетинг;
  • SAP ERP системи;
  • Дизајн на интегрирани кола;
  • Shell Scripted јазици;
  • Развој на видео игри;
  • Виртуелизација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
dime
dime
11 years ago

Бизнис „разузнавање“ != http://en.wikipedia.org/wiki/Business_intelligenc