{mosimage} Oткако Nokia се реши Ovi Maps да стане бесплатна апликација за само недела дена се 1 милион луѓе ја симнаа апликацијата за навигација. Интересно, вкупнoта бројка на симнувања на Ovi Maps е 1.4 милиони.
„Во просек забележуваме по едно симнување секоја секунда, 24 часа на ден. Ова се одлични вести за девелоперите за навигација. За само неколку дена имаме 1 милион потенцијални корисници кои се гладни за нови и иновативни апликации за локација.“ вели Анси Ваљоки, потпретседател на Nokia.
Доколку сте Nokia корисник, Ovi Maps можете да ги симнете од тука, или пак да го надоградите софтверот на вашиот мобилен и тој самиот ќе ја симне апликацијата.
{mosimage}
Бонус: Еве една интересната игра Ovi Maps Racing, со која се тркате низ вистинските градови.






