TED: Како да се елиминира загадувањето до 2050 година

0 коментари 1 мин. читање

Ако сакаме да ги спречиме климатските промени веднаш мора да започнеме со преземање сериозни мерки. До 2030 година загадувањето од јаглеродни емисии треба да се намали за 50%.

За ова да се оствари, секоја година загадувањето треба да се намали за 10%, а досега ниту една година нема забележано намалување на јаглеродните емисии.

Загадувањето доаѓа од најголемите држави, и тоа од четири сектори: електричната мрежа, транспорт, станбен простор, и индустрија. Решението е сложено, и потребна е глобална акција. Намалувањето на загадувањето во овие четири сектори не е едноставно, ниту лесно. Сепак благодарение на напредокот на ветрогенераторите и фотонапонските панели решението е сега е поостварливо од било кога.

Она што досега е развиено за жал не е доволно. Потребен е и понатамошен напредок и развој на овие технологии, најмногу потребен е развојот кај батериите.

Што се треба да се направи да се постигнат целите може да погледнете во TED разговорот на Џон Доер и Хал Харви.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед