5 коментари 2 мин. читање 4 јули, 2014

Aпликација на денот: Комерцијална сака мБанка да биде „ваша мобилна експозитура“

Комерцијална банка Скопје објави бесплатна iOS и Android апликација која на нивните клиенти ќе биде како да имаат сопствена експозитура во својата рака, преку која брзо и удобно ќе може да се направи увид до сметките, но и да се прават исплати или трансакции. Останатите корисници, кои не се клиенти на банката, можат да користат дел од функциите на апликацијата како геолокациските кои овозможуваат пронаоѓање на најблиската единица на банката или банкомати, а за проба на останатите услуги достапен е и демо корисник.

Комерцијална банка се пофали дека „удобноста не е луксуз“, и дека апликација има посебно прилагоден интерфејс за работа на таблет компјутери за да се понуди „оптимален начин да ја искористи површината на екранот и да Ви ги поедностави навигацијата и пристапот до услугите. На вас останува да одлучите дали во вашиот дом ќе го вклучите вашиот компјутер или ќе го употребите вашиот таблет“. Дополнително апликацијата теба да ја поедностави комуникацијата со банките, транскациите и исплатите. Корисниците нема да има потреба постојано да го внесуваат своето корисничко име и лозинката, да ги носат сигурносните токени или пак да креираат кодови за една употреба.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Psy
Psy
12 years ago

300 denari za mToken

Psy
Psy
12 years ago

NLB mKLIK

Psy
Psy
12 years ago

NLB mKLIK

Pece
Pece
12 years ago

Probav od nekolku banki, ovaa e najdobra aplikacija

Мени
Заедница
Изглед
To top