Denuvo отворено призна дека нема производ чија заштита не може да се пробие

Denuvo, една од најозлогласените заштити на дигитални права на игри, ќе биде запаметена и како една од најжилавите предизвици за кракерите. Првите игри со интегрирана Denuvo заштита не можеа да бидат пробиени поголемиот дел од годината, но како поминуваше времето така и таквата граница се поместуваше, сѐ до моментот кога кракови се исфрлаа за само неколку денови, во одредени ситуации, и часови. Некако го паметиме времето кога Denuvo се удираше во гради и се рекламираше како заштита која не може да се пробие, што, на времето, не беше толку тешко за верување.  По се изгледа, таквото нешто не држи вода, а компанијата реши да заземе малку поразлични ставови и отворено да признае дека нема производ чија заштита не може да се пробие.

„Игрите ќе бидат кракнати за одредено време“, објаснува директорот за продажби во Denuvo, Елмар Фишер. „Но, она што ние правиме се сведува на заштитување на првичните продажби на играта… Нашата цел, која и понатаму останува да биде главна цел, е да ги заштитиме игрите во самите почетоци на продажбата. Секако, ние би сакале заштитата да не може никогаш да се пробие, но таквото нешто не е возможно во гејмерската индустрија.“

Ова е едно видување на проблематиката, и најмалку што сакаме е подлабоко да ги разгледуваме сите други толкувања, но интересно е да се потенцира како Denuvo полека почнува да зазема поразличен став кон сево ова и како сега вели дека цел им е да ги заштитат почетните продажби. Но, тие почетни продажби сега се сведени на неколку дена. Таков беше случајот и со Resident Evil 7. Оние кои не сакаат да купат легално игра, сѐ што треба е да почекаат неколку дена. Оние што имаат чаре, ќе ја купат играта кога сакаат и како сакаат, а нема да можат максимумот да го искористат затоа што Denuvo знае и да ја загрози стабилноста на играта, како кај Origins.

Во понатамошниот дел од интервјуто со gamesindustry.biz, Елмар обраснува како пиратите често се потпалени од желбата да ги кракнат игрите што е можно побрзо и дека, како и со филмската индустрија, се нема јасна претстава за тоа колкав замав зазема пиратеријата со игрите. Според него, навистина е тешко да се дознае колку од луѓето кои решиле да играат пиратски игри, би платиле за истата игра. Ако се чека за крак неколку месеци, не се знае колкумина од оние кои чекаат крак би можеле да се откажат од таквото нешто и да ја купат играта.

„Можете да видите колкумина преземаат пиратска верзија на игра, но навистина е тешко да заклучите колкумина од нив би ја купиле играта во меѓувреме. Ние можеме да пресметаме дека, дури и ако земете мал процент од овој број, тогаш приходите би се зголемиле драматично.

Директор за продажби во Denuvo, Елмар Фишер

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk