Ова се 50-те најиновативни компании во светот, според Fast Company

во Свет

Google, Bloomberg, Xiaomi и Dropbox се меѓу 50-те најиновативни компании во светот, според Fast Company. Креирањето на ваква листа секако не е едноставно, па дури и изборот на критериуми поради кои ќе се најдат компаниите на листата е проблем. Критериумите за влез на листата се интересни, а на прво место се наоѓа извонредноста која се очекува од сите компании. Дел од компаниите кои се наоѓаат на листата во една година, нема да бидат присутни друга година поради тоа што повторувањето на иновацијата секоја године не е едноставно. Сепак се чини способноста за поставувањето на цели кои изгледаат нереални и обид за нивна реализација е една од најважните карактеристики кога иновацијата е во прашање.

Првото место на листата е за Google кој е заслужен за огромен број на новитети, од Google Fiber, до автономните возила и Google Glass, па се до неверојатните проекти од Google X Labs, компанијата постојано докажува дека е најголем иноватор во моментов. Веднаш за Google е фондацијата Bloomberg која донира 452 милиони долари, но најпрво со помош на огромен број на податоци и алгоритми ги идентификува најголемите проблеми каде е потребна помош. Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi e на третото место на листата, но е на првото место по бројот на продадени телефони во Кина. Компанијата успеа да се избори со гигантите како Samsung и Apple и нивните телефони сега се најпродавани на кинескиот пазар.

Првите десет ги заокружуваат Dropbox, Netflix, Airbnb, Nike, Zipdial, Donorschoose.org и Yelp. Место во првите 50 нема за некои од гигантите кои се чини дека сепак би требало да бидат присутни на листата како Microsoft, IBM, Samsung и Facebook. Листата на најиновативните 50 компании можете да ја погледнете тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments