Додека да трепнете, Flappy Bird го освои пазарот на мобилни игри. Стана хит бидејќи беше предизвик да се игра, за разлика од другите апликации кои се лесни и ви здосадуваат брзо. Но, таа беше предизвик и за креаторот кој по неверојатниот успех, кој му носеше по 50.000 долари дневни приходи, сепак се реши да ја тргне од продавниците за апликации, оставајќи го првото место празно за други апликации. Но, не треба да очекувате дека во денешнава copy-paste култура ќе видите нова креативна идеја која ќе се најде на врвот, туку куп копии на Flappy Bird, исти во тежина, исти во дизајн и бизнис моделе, но различни по име и главниот линк. Повеќето алтернативи се бесплатни, но наплаќаат за да се тргнат рекламите од играта, или за отклучување на следни нивоа. Еве кои се најдобрите алтернативи:
- Ironpants
- Fly Birdie – Flappy Bird Flyer
- Flappy plain
- Flappy Bee
- Fluffy vs Flappy birds
- … и уште многу многу други наслови за различни платформи.
[youtube]t7O09yRzUNY[/youtube]