0 коментари 3 мин. читање 21 декември, 2015

Ова е таен каталог за купување на опрема за шпионирање

Американските безбедносни агенции имаат куп алатки и хардвер за прислушување и надгледување на своите граѓани, открива Intercept, кој дојде до каталог на апарати кои САД ги користат за следење. Примената на уредите е широка: од следење на комуникација преку телефон до прикачување на летала. Интересно, сите имаат кул имиња како Cyberhawk или Spartacus.

surveillance

Најголем дел од уредите се лажни базни станици на кои се приклучуваат корисниците во нивна близина. Агенциите добиваат податоци не само за лицата кои ги следат, туку и за сите кои се во близина на уредот и кои се од истиот оператор, пример AT&T или Verizon. Уредите кои се презентирани нудат куп можности: од следење на корисниците, попречување на комуникациите, пристап до избришани пораки до уништување на податоци од хард-дисковите на компјутерите кои се во раце на злонамерници.

Агенциите ги користат најголем дел од овие уреди веќе подолг период, околу 20 години, но во последно време се поголем е бројот на полициски станици кои имаат во посед ваков уред. Она што е сериозен проблем е што користење на овие уреди за следење на граѓаните на САД е противуставно.

Најчесто користениот апарат Stingray може да се користи за истовремено следење на 200 телефони. Во моментов Stingray е на користење во 23 држави и 60 агенции. Надвор од САД освен за следење дел од апаратите од каталогот се користат и за лоцирање и верификување на цели при напади со беспилотни летала. Заедно со вооружените авиони летаат и беспилотни летала кои имаат лажни базни станици што ја одбележуваат целата.

Можеби најконтроверзниот дел од извештајот е што агенциите воопшто не бараат дозвола од судиите за следење, ниту при образлагањето во судот објаснуваат како ги следеле осомничените. Според податоците, полицијата веќе ги користела уредите за следење за спречување на терористички напади. Ова се разбира е по цена на слободата и заштитата за правата на приватност на граѓаните.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top