0 коментари 2 мин. читање 21 декември, 2015

Апликација на денот: Focus by Firefox, блокатор на реклами за iOS

Focus е нова iOS апликација од Firefox, а освен можноста за блокирање на реклами, апликацијата овозможува и блокирање на „тракери“. Блокирањето на содржини со Focus треба да овозможи зголемена безбедност и подобри перформанси бидејќи го блокира непожелниот сообраќај.

Главната цел на апликацијата не е блокирање на реклами, туку запирање на следењето, па рекламите кои не го следат корисникот ќе се појавуваат редовно, но рекламите кои го следат корисникот ќе бидат филтрирани. Focus доаѓа со отворен код, што значи дека сите ќе можат да го усовршат кодот или да направат алтернативни апликации.

Во моментов Focus овозможува блокирање единствено на Safari, но доколку Mozilla се прашува тие би сакале апликацијата да биде интегрален дел од iOS. „Сакаме да ја вградиме функционалноста на сѐ што функционира на iOS 9“, вели Ник Нгуен за VentureBeat. Апликацијата овозможува блокирање на реклами, следење на социјални алатки или алатки за аналитика. Дополнително може да блокира и веб фонтови што малку ќе го намали протокот на податоци.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top