0 коментари 2 мин. читање 22 декември, 2015

Deutsche Bank и Goldman Sachs очекуваат технологијата зад крипто-валутите да биде мејнстрим

Една од најголемите светски банки, германската Deutsche Bank верува дека blockchain ќе стане подостапна технологија во следните десет години, јави Coindesk. Blockchain e технологија што е важна за биткоините и другите виртуелни валути, бидејќи одржува софистицирана листа на трансакции, што придонесува до полесно користење на виртуелни валути и поголема безбедност.

Deutsche Bank веќе оствари соработка со два провајдери за да ја тестира технологијата. „Тестот е успешно завршен. Коорпоративните обврзници се идеални за тестирање на blockchain за време на целиот период на постоење, затоа и ги одбравме; во оваа фаза нема да продолжиме со паметни обврзници како прв комерцијален продукт на банката“, вели Deutsche Bank, во известување за Coindesk.

За технологијата е заинтересирана и една од најголемите инвестициски банки, американската Goldman Sachs. Инвеститорите сметаат дека технологијата има потенцијал да ги редифинира трансакциите, а веќе има патент што би овозможил користење на крипто-валутата за систем за трговија со акции на берза, трговија за обврзници и други слични добра, јави Quartz.

Goldman Sachs инвестираше 50 милиони во Circle сервис кој користи биткоин и blockchain. Она што го покажува последниот интерес од банките е дека blockchain не само што овозможува трговија на крипто-валути, туку ќе предизвика револуција и кај останатите трансакции. „Протоколот ќе го демократизира глобалниот финансиски систем така што секој човек со телефон на планетата, ќе има еднаков пристап, а тоа ќе го зголеми пазарот четири пати“, вели Брок Пирс.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top