0 коментари 2 мин. читање 6 јули, 2012

Ова е „сакам“, новото копче на Facebook

Како што пишавме претходно, Facebook наскоро ќе претстави ново копче „want“ или „сакам“, кое ќе даде нова димензија на каква содржина ќе споделуваме. Наместо да споделиме нешто што „ни се допаѓа“ сега ќе споделиме нешто што „сакаме“, односно ќе си ги покажеме сите наши комерцијални интереси.

Програмерот Том Вадингтон, кој прв го забележа тестирањето на ова копче, објави код кој ни покажува како ќе изгледа копчето.

„Фактот дека кодот содржи рефернци до ‘socialcommerce’ е знак дека тие размислуваат на ова сериозно. Како што сега се споделува музика, вести и видео на сајтот, Facebook планира корисниците да споделуваат и Wants и Purchases (купувања) oд продуктите кои се купени од игрите до донациите.“, вели г. Вадингтон.

Нема детали кога ќе се појави копчето официјално, но тоа сигурно доаѓа бидејќи со него Facebook ќе понуди уште една комерцијална причина зашто фирмите треба да бидат активни на мрежата.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top