0 коментари 2 мин. читање

Отворајте портали на вашата десктоп површина со Portals

Покриптичен наслов не можевме да ставиме, но, како на друг начин да ја опишеме алатката Portals? Во моментот кога ќе почнете да ја користите, навистина остава впечаток како да се поставуваат портали на десктопот! Portals е всушност понапредна верзија на explorer и полесен увид и пристап до вашите најчесто користени датотеки. Ако некогаш сте користеле Fences на Stardock тогаш имате убава претстава за што се работи.

Кога некои датотеки често користите, она што обично правите е да креирате кратенки на десктопот или пак да отворите фолдер во кој се наоѓа она што го барате. Portals е фенси фолдер кој е фиксиран на десктопот и кој ги содржи кратенките до сите ваши најчесто користени работи. Во суштина, секој од „порталите“ е отворен фолдер врз кој имате контрола за приказот, димензиите и содржините.

Единствена „забелешка“ е тоа што има бесплатна верзија, но бесплатно значи дека можете да отворите само два портали и да ги поврзете истите до само два омилени фолдери. Доколку сте доволно креативни можете да најдете начин да го благо злоупотребите ова и да го извлечете максимумот од бесплатнате верзија, но за неограничено отворање фолдери потребна е да донирате одредена сума пари.

Нити Fences нити Portals не се единствените вакви апликации и доколку барате уште алтернативи, на располагање ги имате и Sideslide, Nimi Places, iTop Easy Desktop, XLaunchpad и така натаму. Имате пробано нешто од ова? Која е вашата омилена?

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top