0 коментари 2 мин. читање 27 јануари, 2023

Одделете го пеењето од музиката и обратно со Vocal Remover

Има одредени ситуации кога за некоја песна сакате да го одстраните вокалот, и да ја извлечете само музиката. Ваквото нешто знае да биде исклучително корисно доколку организирате караоке забава или пак спремате претстава во, да кажеме, училиште.

Vocal Remover е моќна онлајн алатка која користи напредни AI алгоритми за да ги отстрани вокалите или пак да ја изолира музиката.

По посетување на сајтот, потребно е да одберете и поставите одреденa песна преку копчето Browse my files. Потоа, преку лизгачот Music ја поттиснувате музиката, а преку лизгачот Voice ја намалувате гласноста на вокалите.

Преку истиот сајт можете и да манипулирате со брзината на песните, да сечете и лепите одредени аудио делови, или да снимате. Особено ни се допадна опцијата Karaoke каде можете да го снимате вашиот глас врз музика на одредена песна. Откако ќе завршите со снимањето, можете да си ја сочувате песната.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top