0 коментари 1 мин. читање

Откривајте книги за бесплатно читање со Open Library

Open Library е еден од петте сајтови кои ги препорачуваме за бесплатно читање книги. На располагање имате бројни бестселери кои ги „позајмувате“ на одредено време. Штом ги прочитате можете да ги вратите и позајмите некоја друга книга.

Од неодамна, откривме дека сајтот се има подновено со нов оддел. Преку Explore искуството со откривање книги е значително олеснето и книгите се вдомени низ навидум бесконечни дигитални полици. Можете да ги организирате делата според најразлични жанрови и интереси, а на располагање имате и солиден пребарувач и напредни опции за филтрирање на резулатите според најразлични параметри.

Пријатно читање!

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top