3 работи кои ќе се воведат со најновото надополнување за Genshin Impact

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

За многумина гејмери, Genshin Impact е најсветлата точка во 2020 година. На конзоли, компјутери и телефони, оваа бесплатна игра успеја да ги освои срцата на милиони со симпатичната графика, бројните ликови и комлексниот борбен систем. Играта е до толку популарна што печали по 6 милиони долари дневно! Нормално е да се претпостави дека студиото кое стои зад неа вложува огромни напори да ја задржи гејмерската популација.

Најновото надополнување е 1.3, а ова се 3 исклучително важни работи кои треба да ги знаете!

  1. Најновото надополнување стапува на сила на 3 февруари и ќе ве награди со над 1600 Primogens, исклучително вредна валута со која можете да купувате wishes. Валутата никако не е за потценување и со неа можете да купите 10 желби односно кутии со плен во кои се кријат најразлични оружја, опрема, или целосно нови игриви ликови. Покрај парите, добивате и нов игрив лик од четири ѕвезди!
  2. Lantern Right фестивал ќе започне и ќе трае неколку недели сè додека не кулминира со впечатлива церемонија. За време на настанот, ќе добивате нови квестови, а нивно комплетирање ќе го зголемува вашиот Festive Fever левел и ќе ви дозволува да напредувате во приказната. Паралелно со ова, ќе имате и настани кои ќе се менуваат секојдневно!
  3. Theater Mechanicus е нова мини игра која е, всушност, Tower Defense игра која ја играте сами или со пријатели. Секоја победа ве наградува со таканаречени Peace Talismans. Нив ги тришите во Xiao пазарот за најразлични награди.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments