Hardcover е социјална платформа која е замислена да ги обедини и читателите и писателите и, од едно место, да им пружи алтка за откривање, препорачување и следење впечатливи наслови засновани на заеднички интереси.
Замислена како алтернатива на Goodreads, Hardcover им помага на читателите да откријат нови и возбудливи книги. Од оваа платформа, можете да следите што читате, заедно со датумот кога сте почнале и форматот кој го употребувате, односно дали ја читате или слушате. За таа цел, без проблем можете да ја извлечете секоја ваша книга и листа од Goodreads во Hardcover.

Со оглед на тоа дека се работи за социјална платформа, можете да ги следите вашите пријатели и да споделувате што читате во моментот. Згора на тоа, добивате известувања за тоа што читаат вашите пријатели и во какви книги се заинтересирани.
Надвор од социјалниот аспек, Hardcover ќе проба правилно да ве мотивира да читате повеќе, така што ќе ви дозволи да си поставите цели, како колку книги или страници да прочитате за одреден временски период. За таа цел, често ќе наидувате на најразлични препораки за книги. Овие препораки се засновани на ваши претходни омилени книги и листа и ви се нудат затоа што се или слични на она што вие претходно сте читале, или пак им се допаднале на голем број читатели што ги читале вашите омилени книги. На овој начин, секојдневно можете да откривате книги скроени според вашите интереси.

Сите книги си ги организирате во листи кој се засноваат според најразлични статистички податоци. Згора на ова, можете да започнете најразлични дискусии за книги, да оставате рецензии, да поставувате или да одговарате на најразлични прашања и многу повеќе!
Во случај да ви бараат код за приклучување кон платформата, употребете го кодот: producthunt.