0 коментари 2 мин. читање 15 август, 2011

„Откривач на смртта“ ја зголемува свеста за сообраќајките во Москва

Поради големиот број на сообраќајни несреќи кои се случуваат во главниот град на Русија, Москва, онлајн весникот The Village, со помош на маркетинг агенцијата Leo Burnett, има направено апликација со проширена реалност која има за цел да привлече внимание за овој сериозен проблем.

Голем дел од сообраќајките се случуваат преку ден, но и покрај ова, голем број од граѓаните во Моска не ги ни забележуваат и не се свесни за нив. Причина за ова е тоа што сите докази за било каква сообраќајка веднаш се чистат. Оттука само мал дел на луѓе можат да ги видат оштетените возила, повредените, и телата на починатите.

The Village, онлајн весник кој го покрива градскиот живот, инфраструктурата и превозот, одлучи да лансира апликација за iPhone, наречена Death Revealer, кој ќе им овозможи на граѓаните на Москва да ги дознаат сите сообраќајни несреќи кои се имаат случено во градот. Death Revealer ги покрива сите улици во Москва, а и други поголеми руски градови.

Апликацијата користи GPS, Google Maps и аугментирана реалност, за да ја покаже секоја собраќајна несреќа на корисникот. Доколку некој ја вклучи оваа апликација додека вози, апликацијата ќе му предложи на корисникот да го изгасне автомобилот и автоматски веднаш се исклучува. Погледнете го видеото што е дадено во прилог, доколку сакате да ја видите апликацијата во акција.

(via Ads Of The World)

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top