0 коментари 2 мин. читање 15 август, 2011

Google+ постови ќе се појавуваат при пребарување на Google

Google најави дека на Google+ корисниците наскоро ќе започнат да им се појавуваат Google+ постови во нивните резултати при пребарување. Кога некој корисник е вклучен на Google профил, без разлика дали е YouTube, Gmail, или Google+, и доколку пребарува нешто, во добиените резултати ќе му се појават белешки за линкови кои се споделени на Google+ од страна на нивните пријатели.

Добиениот резултат ја покажува само личноста која го има споделено дадениот линк, но не и коментарот што е пропратен со линкот. Оттука, дури ако вашиот пријател го постнал линкот со намера да го искритикува, на ваш повторно ќе ви се појави како предлог даден од пријател. Доколку кликнете на белешката под резултатот од пребарувањето ќе можете да го погледнете комплетниот пост споделен од вашиот пријател.

Од Google нагласија дека во резултатите од пребарувањата ќе се појавуваат само оние постови кои се јавно споделени. Секој пост кој е споделен само со одреден круг на пријатели нема да се појави во резултатите.

Ваква опција беше лансирана и од страна на Bing, веб пребарувачот на Microsoft, кој во соработка со Facebook им овозможи на оние резултати кои се лајкнати од наши пријатели да се појават повисоко при пребарување. За оваа опција да функционира, исто како и во случајот со Google, корисниците треба да бидат вклучени во Facebook.

Имплементирањето на друштвените мрежи во процесот на пребарување има за цел да ги направи полични добиените резултати. Со ова се зголемува веројатноста да кликнете на линк кој е предложен од некој ваш пријател.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top