0 коментари 1 мин. читање

Откриени преку 100 слабости во VoIP

{mosimage}VoIPShield Laboratories открија повеќе од стотина сигурносни слабости и ранливости во VoIP (Voice over IP) системите на големите компании: Avaya, Cisco и Nortel. Со вакви ранливости во VoIP системите, хакерите можат да ги злоупотребат и искористат слабите VoIP системи како на пример за уценување преку услугата, индустриска шпиунажа преку снимање на разговори или крадење на идентитет преку собирање на осетливи информации кои припаѓаат на муштериите.

Според изјавата на VoIPShield, тиe ги известиле споменатите компании за пронајдените слабости на почетокот на оваа година.

{mosimage}

Секоја слабост била категоризирана според начин на експлоатација: неовластен влез, извршување на код, DoS (Denial of Service) или пак собирање на информации. На секоја слабост исто така е дадена и сериозноста на експлоатација според рангирање на светските стандарди во индустријата. Листата содржи и одговори од страна на загрозените компании за понатамошни сигурносни мерки за својот производ.

Поради ова, VoIPShield ги искористил потписите на нападите за да ги вметне во своите производи за да ги заштити своите корисници од понатамошни напади и нивната заштита.

За подетални инфомации за нивните производи за заштита на VoIP системите или водичи како да се заштитите можете да погледнете на следнава страна: http://www.voipshield.com, како и самата листа на 100-те пронајдени слабости и нивно објаснување на: http://www.voipshield.com/research.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top