Кина дозволи пристап до Wikipedia

во Свет

{mosimage}Кинеските власти викендов дозволија пристап до англиската верзија на онлајн енциклопедијата Wikipedia. Блокирањето на содржините сепак не е целосно отстрането и текстовите за Тибет и слични политички теми се недостапни за пребарување. Пристапот до кинеската верзија на енциклопедијата и понатаму останува недостапен.

Сите интернет корисници од Кина сега можат да пристапат до "нормални" (според кинеската влада) содржини на англиската Wikipedia, но доколку се обидат да пребаруваат материјали за актуелни политички теми поврзани со Кина и нејзината внатрешната политика добиваат порака од прелистувачот дека страната неможе да биде прикажана. Ова се должи на одличниот систем за филтрирање кој е дел од кинеската интернет инфраструктура и кој владата максимално го искористува.

Строгата политика на Кина која внимателно го филтрира и блокира интернетот за кинеските граѓани е веќе секојдневна појава, а покрај интернет цензурата исто така ги опфаќања и останатите медиуми. Но сепак најголемо внимание е посветено на веб страните, блоговите и е-заедниците каде што луѓето можат да разменуваат мислења. Па така, често пристапот до светски популарните веб страни е блокиран, како на пример сервисот Google News, сајтот за споделување на фотографии Flickr и многу други.

Овој строг режим иаку критикуван од голем број на организации и земји, сепак продолжува да биде практикуван од страна на кинеската влада.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments