Конвертирајте Flash во HTML5 со Wallaby

Како што може да се види и од видеото, кое е од демо на Wallaby, FLA фајлот едноставно се влече и става во Wallaby прозорчето и готово! Потоа можете да го доработите кодот рачно или со вашата омилена алатка за работа со HTML. Исто така, не мора да се однесува ова на целиот FLA фајл ако не ви се потребни сите анимации, туку можете тоа да го направите и елемент по елемент.

Wallaby е дизајниран да креира HTML5 фајлови кои се компатибилни со WebKit базирани прелистувачи. Засега поддржани се Chrome и Safari на OS X, Windows, и iOS (iPad, iPhone, iPod). Анимациите нема да работат на другите прелистувачи. Ова е важно да се спомене затоа што HTML5 иако ветува многу и сосема ќе го смени начинот на кој досега сме навикнати да креираме се уште е на самиот почеток. Ќе претставува голем проблем оваа транзиција за развивачите затоа што уште голем број корисници ширум светот користат „немодерни“ прелистувачи, а за да биде транзицијата успешна треба сите овие корисници да се „надградат“.

Како и да е, ова отвара нови можности за вас како развивач да допрете до уреди кои не поддржуваат Flash, како iPhone и iPad.

„Со повеќе од 3 милиони Flash развивачи во креативната заедница, Adobe продолжуваат да бараат нови начини за да им помогнат да ги надградат своите постоечки способности и да ја направат нивната содржина достапна за што поголема публика. Реакцијата на корисниците на Wallaby ќе им овозможи на Adobe подобро да разберат кои типови на иновации се потребни во долгорочните инвестиции и во Flash и во HTML5 технологиите.“, вели Adobe.

Во прилог на оваа изјава од Adobe оди тоа што го нудат на развивачите, тие да го стават на тест за да им помогнат во креирањето и подобрувањето.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments