Пред некој ден во новата бета на iTunes 10.5 се откри име на нов iPhone 4S, а сега во истата бета откриени се низи кои наведуваат на можноста дека Apple во многу блиска иднина планира да понуди изнајмување на апликации.
Како што може да се види од низите, корисниците наскоро ќе можат да преземаат апликации на одреден период, и откако ќе помине дадениот период апликациите автоматски ќе бидат избришани. За жал во низите нема никакви информации во врска со тоа колку би чинело изнајмувањето, ниту пак колку време би биле на располагање. Ова би било навистина корисно за сите оние кои прво би сакале да ги испробаат апликациите пред да ги купат.
Исто како и со мистеријата околу новиот iPhone, Apple сигурно ќе ја расчисти и оваа шпекулација на денешната официјална конференција кога треба да го претстави долго очекуваниот iPhone 5, кој има големи шанси всушност да биде подобрена верзија на iPhone 4.







