Организирајте ги вашите мултимедијални податоци со Shutter Encoder

0 коментари 1 мин. читање

Во случај да сте креатори на мултимедијални содржини, тогаш шансите се дека ви требаат алатките во Shutter Encoder. Како дел од колекцијата ќе наидете на алатки за уредување и конвертирање фотографии, видеа, но и аудио фајлови, како и можности за поставување водени жигови, вметнување титлови и слични информации кои се корисни за мултимедијалната содржина.

Паралелно со сево ова, ќе можете да преземате или споделувате видеа, но и групно да преименувате повеќе фајлови од еднаш. Алатките не дискриминираат и одлично функционираат со 7-Zip, VLC и YouTube-dl.

Shutter Encoder егзистира подолго време на сцената, а најновата, четиринаесетта верзија може да се пофали со функција за екстракција, оддел за премини (транзиции), но и бројни исправки кои го прават севкупното искуство подобро. На располагање имате и инсталациона верзија и пренослива.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед