0 коментари 2 мин. читање 21 јануари, 2020

Увид во корисни податоци со MiTec InfoBar

Некои корисници едноставно сакаат постојано да имаат увид во одредени работи за светот и компјутерот кој се користи. MiTec InfoBar го прави токму тоа!

На крајно интересен и наметлив начин, MiTec InfoBar се вдомува во горната страна од вашиот екран и, во реално време, ве бомбардира со податоци како наслови од најновите вести од светот, моментните временски услови, но и податоци за денот и времето.

MiTec InfoBar пласира значително повеќе податоци, особено доколку сакате да знаете во каква состојба се наоѓа компјутерот. Па така, можете да дознаете колку е оптеретен процесорот, колкава е искористеноста на меморијата, колку време е вклучен компјутерот, и каков е статусот на Num, Caps, и Scroll Lock копчињата.

Најновата трета верзија не се премногу разликува од претходникот, но сепак воведува нов модул за System Monitor, го надополнува Process Monitor, како и Desktop Explorer, а отстранува pop-up прозорци.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top