Дали податоците ќе му ја донесат првата титула по 30 години на Ливерпул

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Свет

Ако сте љубители на фудбал, тогаш веројатно веќе знаете дека оваа година фудбалскиот клуб Ливерпул е на најдобар пат да ја освои првата титула во Англија по 30 години. Она што можеби и не го знаете е дека свој удел во неверојатната форма на клубот оваа година се базира на научна обработка на податоци за секој дел од теренот.

Ретко кој друг фудбалски тим може да се пофали дека како спортски директор има поранешен аналитичар (Мајкл Едвардс) или човек како Јан Грам кој доаѓа со докторат во теоретска физика. Остатокот на истражувачите се Тим Васкет и Вил Спирман, астрофизичар и доктор по филозофија.

Тимовите за обработка на податоци постојат во секој фудбалски клуб, но она што го разликува Ливерпул е што овие податоци се користат многу повеќе при носењето на одлуките, вели Liverpool.com. Колкав е обемот во кој се користат овие податоци и како потоа се вклучуваат во тренинг плановите и подготовките за натпреварите на тренерот Јирген Клоп е непознато. Она што е сигурно е дека научниот пристап во обработка на податоците  последниве години го менува и спортот и начинот на кој тимовите и спортистите се подготвуваат за натпреварите.

Податоците кои се анализираат се најразлични од прецизни додавања од едната до другата страна на теренот, зони на покривање, па се до зони во кои фудбалерите на Ливерпул може да дојдат побрзо од противниците. Дел од овие податоци потврдуваат некои од практиките кои тренерите и стручните штабови на тимовите и досега ги користеа, но дел секако покажуваат и на некои трендови кои ќе ги гледаме во иднина.

Посветеноста на сопствениците на Ливерпул кон анализата на податоци и не е некакво изненадување. Сопствениците на Fenway Sports Group имаат сличен подвиг со тимот на Бостон Ред Сокс. Сите кои го изгледале и сеќаваат на филмот „Moneyball“ знаат дека зад титулата на овој безбол тим е анализата на Били Бејн која помогна во составување на тимот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk