Општество за 5-то стана хит на друштвените мрежи

Учебникот беше растргнат од медиумите заради пропусти во содржината, стана идеја за креативни шеги и критики на друштвените мрежи, па Министерството мораше да најави дека ќе ја препечати спорната страна од делот за културата.

Но… грешка е да се мисли дека проблемот е само во една спорна страна.

Целиот учебник „Општество“ за 5-то е многу лошо дизајниран (на веб изгледа полошо отколку ако го симнете .pdf фајлот, а се сомневам дека печатен би изгледал подобро). Не се искористени македонските фонтови на МИО, а сликите се приказна за себе бидејќи дел од нив се сретнуваат на Google Image Search, oд каде претпоставувам се превземени. Некои слики содржат и англиски зборови. Споредено со другите учебници, „Општество за 5-то“ е катастрофа!

Клетва: Да даде Господ детето да ти понавља 5то одделение! #ucebnikThu Aug 12 22:46:12 via TweetDeck

Тоа што е единствено позитивно и интересно во учебникот е што сега како референци се пишуваат сајтови со релевантни информации т.е има „Иди види на:“ дел со линкови.

Што се однесува до шегите и критиките, подолу се тагираните со #ucebnik твитови. Twitter, бидејќи е јавен сервис, дозволува да се групираат мислења без нарушување на приватноста, но верувам дека и на Facebook може да се најдат интересни мислења на темава.


Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Mitko Gogov
15 years ago

знам само дека премногу експериментирање со едукативните методи не влијае добро врз образовниот процес. место информации на место, чорба каша, турли-тава, попара ни е муабетот.

место со текот на годините работитете да се вратат во правилниот колосек тие уште толку се искривуваат, факултети за алкохолизам, чешлање улична историја во учебници. не пријатно за слушање. штета за децата кои се дел од ваков образовен процес. доаѓа време кога родителите ќе бидат принудени да ги праѓаат своите деца во приватни училишта единствено заради тоа што нормите целосно се изгубија, во секој смисол.

Viktr Ars
15 years ago

Го сменив твојот embed твит заради „Corel, не Word“ делот, не видов дека и си твитнал за тоа. Дамн ми отиде секси ефектот :P

moondowner
moondowner
15 years ago
Reply to  Viktr Ars

np ;)

minimoog
minimoog
15 years ago

Професорот/наставникот/учителот одбира по кој учебник ќе се учи.