{mosimage} Граѓаните преку друштвените мрежи, Facebook, Twitter, YouTube го коментираат, критикуваат, исмеваат и помал број го фалат идниот изглед на Скопје во 2014 година. Makfaks го закачи видеото „Визуелизација на центарот на Скопје во 2014“ на YouTube вчера, на 4-ти февруари. За само еден ден видеото го привлече вниманието и е гледано 16.000 пати, а искоментирано 380 пати.
Eве за што станува збор.
Најголемите критики доаѓаат од Facebook и Twitter. На Facebook се отворија групи, од кои најголемата „Скопје 2014! Не, благодарам!“ има 2.130 членови кои остро ја критикуваат замислата да се направат околу 30 споменици низ плоштадот „Македонија“. Исто така на Facebook започнаа покани за протести – „Спонтан собир против проектот Скопје 2014“ групата веќе има 778 члена. Од другата страна, има и групи на кои им се допаѓа изгледот на Скопје. „Кој е за изгледот на Скопје во 2014 година“ има 368 фанови. Бројот на членовите и на двете групи постојано расне.
{mosimage}
Покрај Facebook најголемите критики доаѓаат од
Twitter. Таму веќе започна едно интернет меме твитерџиите да смислуваат шеги за „Скопје 2014“.
{mosimage}
Што се однесува до блоговите, тешко е да се процени бидејќи ќе мора да се читаат коментари на секој пост. Но, според пребарувањето на blog.mk има два големи поста за „Скопје 2014“ каде според коментарите се гледа дека мислењата се поделени.
Што мислите вие? Дали учествувате во некоја од групите кои се про-2014 или анти-2014?






