Onirism излезе од раниот пристап!

во гејминг

По шест години во ран пристап, инди студиото Crimson Tales конечно ја претстави целосната верзија на својот амбициозен проект, Onirism. Играта нè носи на магично патување во улога на Керол, енергична девојка чија омилена плишана играчка, Банбан, е украдена и однесена низ мистериозен портал. Оваа случка ја поттикнува Керол да скокне во светот на соништата, познат како Crearia, започнувајќи една шарена и хаотична авантура. На прв поглед, Onirism изгледа како шармантна акциона платформа, но под веселата површина се крие длабоко и софистицирано искуство, исполнето со огромна количина на содржина што лесно може да се мери со високобуџетни наслови.

Onirism се одликува со забавна комбинација од пукање од трето лице, брзо платформирање и истражување. Контролите се интуитивни и респонзивни, овозможувајќи и на Керол да изведува прецизни скокови, да избегнува напади и вешто да ракува со својот огромен арсенал. Борбата е динамична и честопати бара од вас да бидете во постојано движење, користејќи ги околините во своја полза.

Она што го издвојува Onirism е неверојатната разновидност на оружја и справи – со над 300 уникатни опции, од бластери и фрлачи на ракети до пиштоли за меурчиња, секоја борба се чувствува свежо. Дополнително, воведени се нови способности како што се можноста за летање со чадор и користење на кука за движење низ специфични делови од световите. Воведувањето на мапа и дневник со мисии значително го подобрува искуството, помагајќи ви да се ориентираат во големите и сложени нивоа.

Графичкиот стил во Onirism е живописен, со силна палета на бои што совршено го доловува чувството на свет од соништата. Секое од десетте поглавја ве носи во уникатни средини – од шуми направени од слатки и големи пирамиди, па сè до мистериозна месечева база.

Дизајнот на ликовите и непријателите е исклучително креативен, со над 300 различни видови на противници и повеќе од 20 босови, од кои секој има свој уникатен изглед и се води по уникатна шема на напади.

Аудио дизајнот исто така не заостанува. Со новата верзија се додадени седум нови музички нумери кои ја надополнуваат атмосферата, а ангажирањето на професионални гласовни актери, вклучувајќи ја и кеј-поп ѕвездата AleXa, им дава душа и карактер на ликовите, правејќи го светот на Crearia уште пожив.

Целосно редизајнираните менија и корисничкиот интерфејс се исто така добредојден додаток кој го прави целото искуство попријатно и полесно за навигација.

Покрај главната авантура, Onirism нуди и многу други содржини кои гарантираат долготрајна забава. Можностите за персонализација се огромни, со повеќе од 200 различни костими, капи и додатоци, како и опции за менување на фризурата и бојата на косата на Керол. За истражување на големите светови, на располагање се над 20 различни возила, вклучувајќи авиони, лебдилки и механички одела. Еден од најголемите новитети е целосно функционалниот онлајн режим, кој им овозможува на играчите да ја поминат целата авантура заедно со пријателите или да се натпреваруваат едни против други во различни режими. Оваа компонента додава огромна вредност на играта, претворајќи ја од одлична соло авантура во забавно социјално искуство.

Шестгодишниот развој резултираше со исклучително полиран и комплетен производ кој нуди неверојатна количина на содржина за својата цена. Играта успешно комбинира елементи од класични 3D платформери со модерни акциони механики, создавајќи искуство што е истовремено носталгично и иновативно. Без разлика дали сте љубител на соло авантури исполнети со истражување и тајни, или пак сакате хаотична забава со пријателите, Onirism има што да понуди. Искрено се надеваме дека ќе решите да навлезете во оваа шармантно, забавно и длабоко искуство кое докажува дека соништата, со доволно труд, можат да станат стварност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments