2 коментари 2 мин. читање

OnePlus X има прекрасен дизајн, но дали ќе го купите?

OnePlus го презентираше новиот телефон OnePlus X, кој е поевтина верзија од досегашните, иако и овие модели се далеку над просечната цена. Новиот уред е помал од претходните, иако екранот е речиси идентичен, вели The Next Web. Телефонот доаѓа со солиден хардвер, иако не е најновиот кој е достапен во моментот. За 300 долари за телефонот со стаклена позадина, односно 410 долари за керамичкиот модел, се чини дека е уредот е одличен, но вистинското прашање е дали би го купиле OnePlus X? За многумина ова е непознат бренд со цена која е блиску до премиум Android телефоните.

One Plus X доаѓа со 5-инчен HD дисплеј; 16 GB слободен простор; 3GB RAM; Qualcomm Snapdragon 801 на 2.3GHz; 13МР задна и 8МР предна камера, а задната камера може да снима 4К видео. Екранот на телефонот е заштитен со Gorilla Glass 3, а слободниот простор може да се прошири до 128GB. Дополнително OnePlus X доаѓа со простор за две nano SIM картички. Како и претходниот модел и овој доаѓа со OxygenOS, откако Cyanogen ја затвори употребата на нивниот мод. „Најголема предност на OnePlus X е неговиот дизајн. За разлика од претходниот модел овој има премиум изглед,“ вели Next Web.

Сепак за сите Android ентузијасти, ниту оваа верзија на телефонот нема да биде замена за Nexus 6P. „Never Settle – е новото мото на OnePlus, мото кое е прилично храбро… но ни се допаѓа… Сепак OnePlus X нема да биде крај за Nexus телефоните, пред се за 6Р. Исто така телефонот нема да биде крај за iPhone, иако се обидува да биде iPhone,“ вели TechCrunch.

OnePlus X ќе биде достапен на од 5 ноември, најверојатно повторно со претпродажби и чекање.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top