0 коментари 2 мин. читање

Европскиот парламент побара од членките да го заштитат Едвард Сноуден од NSA

Европскиот парламент ја подотвори вратата за преселба на Едвард Сноуден од Русија во Европа. Со навистина тесна одлука 285 гласови „За“ и 281 гласови „Против“ Европа одлучи дека ќе го заштити г. Соноуден од екстрадикција во САД, што ќе му овозможи слободно да се шета и да патува по стариот континент без опасност дека ќе биде вратен во САД и суден за предавство.

Едвард Сноуден, поранешен вработен во Агенцијата за национална безбедност (NSA), e во немилост на властите во САД бидејќи помогна да се објават доверливи документи како NSA масовно прислушува и следи корисници. По откривањето на злоупотребите пред две години, беше издадена потерница по г. Сноуден, кој пребега во Москва од страв за својот живот доколку паден во рацете на американските служби. Едвард Сноуден од 2013 е во Москва, но пред да добие азил, бараше гаранции од 21 држава, најголем дел од Европа. Дали промената ќе го охрабри да го промeни своето живеалиште останува да почекаме и да видиме. Со оглед на тоа дека секоја членка на унијата има договор за екстрадиција со САД, одлуката на Европскиот парламент најверојатно ќе предизвика меѓународен инцидент доколку држава-членка одбие да го предаде г. Соноуден, вели Daily Dot.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top