OnePlus One е единствениот Android телефон кој треба да го имате

Ако ги погледнете спецификациите и цената тогаш OnePlus One е единствениот Android телефон за кој треба да ви е гајле, пишува BGR за новиот телефон кој работи на модифициран CyanogenMоd. OnePlus, компанија основана од поранешни вработени во Oppo, ќе го продава One за 300 долари за 16GB верзија и за 350 долари за 64GB верзија, што е далеку поевтино од конкурентите. За тие пари добивате убаво дизајниран телефон со 5,5 инчен 1080p дисплеј, заштитен со Gorilla Glass 3; процесор од 2,5Ghz со четири јадра и 3GB RAM; 13 мегапиксели задна камера и 5 мегапиксели предна; со NFC, GPS, GLONASS, но без поддршка за microSD картичка што и не е толку проблем земајќи в обзир дека 64GB се доволно простор за мобилен телефон. Батеријата наводно ќе издржи цел ден користење.

Покрај моќните хардверски спецификации што се слични на два пати поскапите Samsung Galaxy S5 и HTC One M8, тоа што го прави OnePlus One уште попопуларен кај фановите на Android, е што работи на минималистички CyanogenMod 11S базиран на Android 4.4 Kitkat. CyanogenMod е мод креиран од заедницата кој дозволува поголема персонализација на Аndroid оперативниот систем, без да имате апликации наметнати од производителите. Со оваа верзија на CyanogenMod ќе биде преставена и гласовно контролирање на телефонот, пример да може да го разбудите, и нова можност да отварате апликации преку заклучен телефон со претходно нацртани движења.

Телефонот ќе се појави наскоро на пазарите ширум светот, во САД, Хонг Конг и во неколку европски земји, но за да го купите ќе треба да бидете поканети првин. Покана може да добиете преку промоции на друштвените профили на OnePlus.

[youtube]KP-5OlHINg0[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
stefan
stefan
7 years ago

mm looks very nice!