0 коментари 2 мин. читање 23 април, 2014

Хрватското гејминг студио Ironwаrd собра 60.000 долари од Kickstarter за својата нова игра

Хрватското студио за изработка на видеоигри Ironwаrd успешно ја заврши својата Kickstarter кампања, собирајќи 60.836 долари oд 1.504 поддржувачи, што е повеќе од 10.000 долари од побаруваната сума за креирање на својата игра The Red Solstice. The Red Solstice e кооперативна игра во која можат да учествуваат осум играчи кои ќе треба да ги искористат своите вештини во борба со суштествата на Марс. Играта е сместена во подалечна иднина, луѓето се преселени на Марс, а играчите се вклучуваат во моментот кога колониите го губат контактот со Тарсис, кој е главен град на новата планета. Целта е да се ослободи Тарсис.

Интересно ова беше втор обид да се финансира играта откако Indiegogo проектот беше неуспешен и собра помалку од 3.000 долари од побараните 10.000. Успехот на Kickstarter, покрај екстензивната промотивна кампања и добрите оценки од неколку гејминг портали како Polygon, Rock Paper Shotgun и Death by Beta се должи и на тоа што овој пат Ironwood имаа речиси готов производ на кој му беше потребно едниствено финалното полирање. Освен ова беше овозможена дополнителна интеракција на дизајнерите на играта и корисниците преку алфа-верзијата на играта која беше достапна за сите.

Играта е најавена за aвгуст 2014 но доколку сте нестрпливи да ја пробате отидете до сајтот на Ironward и преземете го демото кое е веќе достапно.

[youtube]SU9TVA1AVso[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top