Apple сака iPhone да ви ја замени кредитната картичка

во Мобилни

Apple се обидува да изнајде начин со кој ќе ги натера корисниците да започнат да купуваат продукти од физичките продавниците како што тоа го прават на пример од iTunes. Компанијата интервјура кандидати кои би можеле да го направат последниот исчекор за плаќање со помош на телефони, велат извори од компанијата за Re/code.

Компанијата од Купертино се надева дека со пополнувањето на две нови позиции – шеф на производ и шеф на развој на бизнис ќе успеат да ги интегрираат податоците од милиони кредитни картички кои ги има во својата база на податоци во телефонот. Основната идеја е Apple да започне од 600.000 милиони регистрирани корисници на iTunes како основа за идниот развој на ова поле. Амбицијата на Apple е навистина многу, многу сериозна, тврди еден од изворите. Ова не е единствен обид на компанијата да се обиде да го внесе мобилното враќање и не се осамени во оваа намера. PayPal од неодамна се обидува да пронајде начин за соработка со Apple, а друг дел од стратегијата се движи и околу можна аквизиција на компании кои веќе работат со мобилна исплата. Според извори на Re/code компанијата размислува да го купи стартапот Square кој направи додаток за iPhone, но кој работи со кредитна картичка.

Конечно искуството на Apple од овогодинешниот божиќен и новогодишен шопинг ги увери и најголемите скептици дека корисниците се заинтересирани за купување преку мобилната платформа.

„Забележуваме дека луѓето навистина се вљубени во можноста за купување содржини, без разлика дали станува збор за музика, книги или филмови, користејќи го TouchID… Неверојатно е едноставно, лесно и елегантно. Јасно е дека постојат големи можности тука.“ вели директорот на Apple, Тим Кук.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk