OneCoin, неколку години подоцна и официјално измама

Минатата недела Константин Игнатов еден од основачите на OneCoin , призна дека OneCoin е измама, и се изјасни како виновен по неколку обвиненија, помеѓу кои се и перење на пари и измама. Сепак она што сите ги интересира повеќе е каде е „крипто кралицата“, неговата сестра Ружа Игнатова. Ова прашање засега останува без одговор.

Основачите на OneCoin од своите жртви успеаја да приберат над 4 милијарди долари.

И иако во САД, Константин Игнатов е виновен, а OneCoin е прогласена за „понзи“ шема, организацијата и понатаму си функционира нормало и негира дека имаат некаково против законски дејство. За својата вмешаност во измамата г. Игнатов без сорабоката со властите , можеше да биде казнет со максимална казна од 90 години во затвор.

Она што и натаму е тајна е што се случува со Ружа Игнатова. Во своето сведочење Константин обелодени дека последна локација на која се наоѓала неговата сестра е Софија. По последниот разговор и купил авионски билети до Виена, а оттаму до Атина. По ова не знае ништо, иако ангажирал и приватен детектив да ја пронајде Ружа. Засега каде е Ружа е мистерија, но последните вести се дека адвокатот на OneCoin Мајк Скот за Игнатова испрал 400 милиони долари, и за ова наплатил 50 милиони, пренесе law360.

Во сведочењето за прв пат дознавме дека основачката на крипто-валутата OneCoin во 2017 исчезнала со 500 милиони долари. Единствен показател за можната локација е шпекулацијата дека познава моќни луѓе од руското подземје, иако ниту за ова нема никаков доказ.

Во истиот судски процес во кој сведочеше нејзиниот брат Ружа Игнатова е обвинета за измама со хартии од вредност, измама со електронски трансфери и перење пари.

OneCoin

OneCoin e „крипто-валута“ организирана и основана во Бугарија. Серверите што ги „обработуваат“ податоците се лоцирани во Бугарија и во Хонг Конг, а во Софија е лоцирана и канцеларијата на OneCoin.

Крипто валутата досега успеала од своите поддржувачи да собере на 4 милијарди долари. Иако основачите ја претставуваат како крипто валута. Полицијата вели дека станува збор за повеќеслојна маркетинг шема која функционира како класичен „понзи“. Поточно мрежата има приходи за последните членови се додека има нови членови.

Платформата продава таканаречени едукативни материјали за тргување. Висината на еден пакет е од 10 па се до 118 000 (па и до 225 000) евра. За овие средства купувачот добива и токени за „копање“ на крипто валутата. Уплатите се поделни во неколку нивоа и секое нивно нуди различни едукативни материјали.

OneCoin може да се замени за евра единствно на интерната xcoinx берза, но купувачите на основниот пакет не можат да тргуваат на берзата. Дополнително сумата која може да се замени во еден ден е ограничена.

Иако OneCoin тврдеше дека монетите се копаат, сепак не станува збор за ништо слично. Основачите сами ја зголемуваа вредноста на валутата, а зад OneCoin нема вистински блокчејн кој е транспарентен, јавно достапен и може да се провери.  Поради ова уште во 2015 OneCoin беше прогласен за опасен за инвестирање.

„Како што тврдевме, OneCoin беше крипто-валута единствено во главите на неговите креатори и нивните ко-заговорници. За разлика од вистинските крипто-валути, кои водат евиденција за историјата на трансакциите на нивните инвеститори, OneCoin немаше вистинска вредност. Не им понуди на инвеститорите ниту еден метод за следење на нивните пари и не можеа да се искористи за купување. Всушност, единствените што успеаја да извлечат корист од неговото постоење беа нејзините основачи и ко-заговорници“, велат од Федералното истражно биро.

Во септември 2016, Народната банка на Македонија излезе со соопштение за извршената анализа на дигиталната валута OneCoin. Овие анализи на Народната банка барем кога крипто-валутите се во прашање беа вообичаени, но за OneCoin и сосем оправдани.

Анализата на Народната банка покажа дека граѓаните иницираат трансфери во странство при вложување во дигиталната (крипто) валута OneCoin, и тие најчесто не се извршуваат во корист на нивна сметка во странска банка (сам на себе), туку кон некое странско правно лице коешто ја дава таа услуга за издавање или чување на дигитални крипто валути. Налогодавач е физичко лице кое уплатува парични средства на нерезидент правно лице врз основа на школување, обука или набавка на книги, брошури, друга литература и слично. Доколку самата банка, на било кој начин, добила сознание дека при таквото плаќање се работи за вложување во дигитални (крипто) валути или депозити, таа треба да го одбие извршувањето на трансакциите.

Што е неточно за OneCoin

Првиот погрешен податок е дека OneCoin како и сите крипто-валути се „копа“. Ова воопшто не е точно вредноста на валутата е претходно определена, а компјутери воопшто не се користат за копање.

OneCoin не е блокчејн. Не постои запис во кој се евидентираат и се идентификуваат сите трансакции. Секако ова значи и дека нема никаков начин за трансакциите да се проверат. Благодарение на ова измамниците можат да префрлаат на сметки на жртвите крипто-валути кои и не постојат.

Она што веројатно е најголемо изненадување е дека и покрај признанието, сè уште постојат поддржувачи на валутата. Во најголем дел аргументите се дека другата страна е политички мотивирани или ги мразат крипто-валутите.

Канцелариите на OneCoin во Софија работат и понатаму и барем засега нема најава за затворање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments