HP ги претстави новите Omen гејминг лаптопи

Ако продажбата на стандардните десктоп и лаптоп компјутери е намалена, тогаш обидете се кај публиката која редовно ги надградува своите компјутери. HP дојде до очигледниот заклучок дека гејмерите се единствените што се грижат за хардвер, па претстави неколку нови гејминг лаптопи и десктоп компјутери, но и 32-инчен quad-HD монитор, јави Engadget.

OmenKirin_Gallery_zoom1

Omen лаптоп серијата доаѓа со Nvidia GTX 965М и Intel Core i7 процесор. Останатите компоненти се слободен простор, може да биде 512GB SSD или 2 TB HDD, но комбинација од двата. RAM меморијата може да се надгради до 16 GB. Очекувано десктоп компјутерот доаѓа со поголеми можности за промени. Процесорот може да се надгради до последната верзија на i7-6700K, RAM меморијата до 32GB а графичката картичка до новата Nvidia Geforce GTX 1080. Ако ова не е доволно компјутерот доаѓа со водено ладење, кое ќе помогне со оглед на тоа дека K-серијата на процесори е наменета за гејмери и за оверклоукување. Изгледа дека со овие компјутери HP  се наменети за виртуелната реалност, и барем изгледа дека се доволни да задоволат барем минимални потреби на Oculus. Moниторот доаѓа со quadHD или 2560х1440. Станува збор за голем монитор, 32-инчи, а се чини дека нема причина за брзање до 4к монитори. Уште повеќе бидејќи за гејминг на оваа резолуција ќе бидат потребни две графички картички.

Лаптопите ќе бидат достапни во 15.6 и 17.3-инчен модел од 15 јули, за цени кои започнуваат од 900 односно 980 долари. Десктоп компјутерите и мониторот во август.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments