Om3ga Solutions од Црна Гора доби инвестиција за својот конвертор на говор од SCV

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Црногорскиот стартап Om3ga Solutions ја затвори почетната инвестициска рунда за својот конвертер на глас во текст Daktilograf од регионалниот фонд за ризичен капитал South Central Ventures и ICT Hub Venture од Србија. Daktilograf поседува уникатна технологија за распознавање на звук со кои ќе се овозможи точно препознавање на Јужнословенски јазици, без ограничување на број на зборови кои ги препознава. Оваа инвестиција е прва на SCV во стартап од Црна Гора и ќе и овозможи на компанијата да го комплетира својот продукт и да се пласира во Европа.

За продуктот

Daktilograf преку својата платформа овозможува точна транскрипција од говор во текст во реално време за деловни потреби на јужнословенски јазици. Софтверот е примарно наменет за да им овозможи транскрипција на новинарите при интервјуа како и да им помогне на големите компании да ги транскриптираат своите состаноци.

Софтверот е развиен со најнови технологии кои немаат ограничување на бројот на зборови кои го препознаваат и во реално време креира записи кои можат потоа да се користат. Уникатниот систем за препознавање на глас кој компанијата сама го изградила овозможува препознавање на јужнословенските јазици, нешто што не е достапно кај големите играчи како Yandex, Googlе кои засега препознаваат само одреден број на јазици. Тимот планира да го прошири своето портфолио со јазици од Централна и Источна Европа како и да го збогати со нови карактеристики.

За компанијата

Om3ga Solutions team е компанија која развива софтвер со седиште и развој во Црна Гора и тим за продажба во Србија. Основана е од мешан тим на млади амбициозни и искусни инженери со преку 20 години искуство во развој на софтвер предводени од главниот технолошки ум, Амил Ченгич. Дактилограф е главниот фокус на компанијата и уште од своето појавување во 2017 година го привлече вниманието компаниите од Црна Гора, Србија и Хрватска заради едноставноста со кој го решава проблемот на транскрипција на јужнословенски јазици. Компанијата бележи значајни успеси. Го освои 2-то место на интернационалниот стартап натпревар Sarajevo Unlimited Conference во конкуренција на 100  компании и е еден од најбрзо растечките црногорски стартапи.

За инвестицијата

“Нашата компанија е почестена што е првиот Црногорски стартап кој ја доби поддршката на South Central Ventures and ICT Hub Ventures. Инвестицијата ќе ни овозможи да креираме серија на апликации базирани на нашиот конвертер од глас во текст со кој ќе креираме вредност за реалниот и јавниот сектор. Решението е засега достапно на српски, хрватски и наскоро се планираат да се опфатат сите јазици од Западен Балкан. За шест месеци ќе имаме истренирано модули за најкомплексните светски јазици со што планираме да влеземе на светскиот пазар”, рече Мирсад Хаџалич, коосновач и CDO на Om3ga Solutions.

“Особено сме радосни што може да го подржиме тимот на Daktilograf, не само затоа што е нашата прва инвестиција во Црна Гора туку и вештината и квалитетот на основачите да креираат ваква супериорна технологија со толку лимитирани ресурси. Веруваме дека компанијата има јаки темели и се радуваме дека со нашата поддршка ќе го забрзаме нивниот раст”, рече за инвестицијата Јан Коблер, партнер во South Central Ventures.

За SC Ventures

Со канцеларии во Белград, Загреб и Скопје, SC Ventures (SCV), преку Фондот за претпријатија и иновации (ENIF), се фокусира на технолошки компании во Западен Балкан.
Фондот од 40 милиони евра е посветен првенствено на инвестиции во рана фаза и раст. Овие инвестиции се наменети да го поттикнат проширувањето на меѓународниот бизнис и растот на најветувачките технолошки стартапи кои можат да го докажат својот потенцијал “да се стане голем”.
SCV има за цел да го поддржи стартап системот во регионот и да им помогне на основачите кои се осмелуваат да ги донесат своите бизниси на глобалните пазари. Меѓу претходните инвестиции на SCV се: AgriviBulbSentinelLittleDotCognismHomibleInplayerAlchemyHunch InsightsTradeCoreVirtus VitaCity ExpertWork PulsContent Insights и Cube Team.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk