Никогаш немало повеќе судските спорови кои ги започнуваат патент троловите, отколку во моментов, покажуваат податоците кои ги презентира Ars Technica. Досега во 2015 година во САД се поднесени 3.050 тужби за интелектуална сопственост, од нив во дури 2.075 поднесувачи на тужбите се компании кои не ја користат технологијата за која ги започнуваат споровите.
Или со други зборови, се работи за „патент-тролови“ кои аплицирале за патент направен со двосмислени термини за општа технологија со единствена цел – да го тужат вистинскиот иноватор доколку се збогати. Бројот на судски спорови поради интелектуална сопственост е во пораст од 11 отсто, а се проценува дека до крајот на годината ќе достигне 6.100. Доколку се остварат прогнозите ќе биде поставен рекорд по број на спорови во една година. Податоците покажуват и пораст во уделот кој го заземаат патент троловите, на кои сега отпаѓаат 68 отсто, пораст од 6 проценти во споредба со 2014. Кога во прашање е високата технологија, патент троловите започнале дури 90 отсто од судските спорови.
Лидери во компаниите кои не ја практикуваат технологијата за која поднесуваат тужби се eDekka LLC, Data Carriers LLC и Wetro Lan LLC. Тоа што можеби е поинтересно е дека сите претставки на овие компании се преку истата адвокатска канцеларија Austin Hansley и сите парници се Источниот окружен суд на Тексас. За жал се чини дека практитката на патент-троловите да ги закопаат во судски спорови иновативните компании кои немаат ниту време ниту средства за долги парници вродува со плод, а за ова е доказ и порастот на бројот на тужби. Сепак зголемениот број на тужби можеби е резултат на најавените промени на администрацијата на Барак Обама која побара релаксирање и построги правила за евидентирање на интелектуалната сопственост.
(сликата е преземена од ArsTechnica)