Мала, но добредојдена промена за сите корисници на Google Maps на Android телефоните. Oтсега ќе може локацијата од мапите од десктоп компјутер да се префрли директно на паметен телефон, забележа Android Police. Сепак, оваа можност во моментов е достапна само во САД.
Апликацијата овозможува директно внесување на локацијата кон која корисникот сака да стигне, без притоа да предложи рутата, а корисникот може да провери време на работа на објектот како да стигне до него, но и да ја отвори страната на локацијата доколку постои. Префрлањето на локацијата е едноставно и е овозможено преку новододадениот линк „Send to device“.
Новитетот кој доаѓа со Google Maps 9.11.0 не е спектакуларен, но на корисниците ќе им заштеди на време, бидејќи отсега нема да мора да бараат иста адреса на компјутерот и на телефонот. Интересно ова беше една од ретките функционалности кои Google најпрво ги достави до верзијата на Maps за iPhone.








