Околу 100.000 Android апликации се сомнителни (инфографик)

Oколу 25 отсто од апликациите на Google Play се сомнителни. Дури 72 отсто од апликациите преставуваат безбедносен ризик барем по една ризична дозвола (high risk permission). Од 412,212 апликации кои ги разгледала безбедносната компанија Bit 9, дури 26 отсто побарале пристап до лични податоци што е бројка поголема од 100.000.

Најчесто побарувани податоци, 41 отсто се со локација, 31 отсто ви ги „разгледуваат“ телефонските брови и именик, а 26 отсто имаат пристап до лични податоци. За среќа најголем дел 71 отсто од испитуваните  апликаци се бесплатни, но за жал кога станува збор за безбедноста 84 отсто од испитаните велат дека iOS е побезбеден од Android. Но сепак 96 проценти од компаниите  дозволуваат да се пристапи кон поштата на компанијата преку овие уреди.

Последен посочен проблем е неможноста да се заштитат веќе познатите апликации, како на пример Angry Birds, од 115 апликации кои го содржеле „Angry“ или „Birds“ во своето име само 4 биле издадени од Rovio.

Целиот извештај од Bit 9 можете да го разгедате тука.

 

 

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk