1 коментар 3 мин. читање 5 ноември, 2012

Хакерската група Ghost Shell и објави војна на Русија

Хакерската група  Ghost Shell и објави сајбер војна на Русија. Објавата на PasteBin која се појави по нападот наликува на пораките од хактивистите Anonymous, пред се бидејќи ги наведува повредите на човековите права како главна причина за нападот.

„Премногу долго Русија е во состојба на тиранија и жалење. Обичните граѓани се принудени да живеат изолирано од остатокот од светот од страна на политичарите и водачите. Начин на мислење кој е застарен 100 години.“, започнува пораката на Ghost Shell.

Во првата фаза на нападот, Ghost Shell објави 2.5 милиони профили и податоци од речиси сите владини институции. Пoдатоците содржат IP адреси, имиња, логини, имејл адреси, лозинки, телефонски броеви и aдреси на бројни службеници и административци. Голем број од податоците се од руски домени како Yandex.ru, Mail.ru и Corp-gov.ru, меѓутоа има податоци и од Gmail, Yahoo и Hotmail, јавува The Next Web.

Како и во претходните напади, повторно првите вести дојдоа на Тwitter профилот на лидерот на групата DeadMellox. Групата го вели дека нападот Project Black Star е насочен кон руската влада. Според нив објавувањето на 2,5 милиони профили и документи со лозинки на владини, образовни, политички и полициски службеници е само почеток по кој ќе следат и објавување доверливи документи на руски фирми и банки.

Податоците се објавени на стотици линкови на GitHub, Slexy и PasteSite. Засега нема одговор од руските власти кој ниту го потврдуваат ниту го демантираат нападот. По се изгледа дека групата има и податоци од голем број Тwitter профили кои ги користеле за ширење на веста. Од страв да не бидат поврзани со нападите, дел од корсниците твитнале порака, дека профилот им е компромитираан и бил искористен за ширење на BlackStar

Ghost Shell се „прослави“ во август, со објавување на податоци од CIA и компании од Вол Стрит, кога и порачаа „Ова е само почеток“.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top