0 коментари 2 мин. читање 14 мај, 2015

ИТ настан: Robomac 2015 e закажан за јуни, пријавувањето е во тек

Веќе традиционално, шеста година по ред ќе се одржи Robomac 2015, меѓународен натпревар на полето на роботиката организиран од IEEE студенти од Македонија. Robomac оваа година ќе се одржи од 9 до 14 јуни, во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

„Визијата зад настанот е да ја популаризира роботиката кај студентите и младите луѓе во Македонија и регионот, но целта е да се иницира и подржи работа на многу други проекти поврзани со роботиката“, се вели на сајтот. Натпреварот е поделен во пест категории: сумо, вистинска цел, трка, робо-рака, хуманоид, и AI и Raspberry PI.

Сумо е можеби најинтересниот дел од натпреварот во кој два роботи во ринг се натреваруваат кој ќе го избутка противникот надвор од рингот. Во „вистинска цел“ роботите се натпреваруваат во способност да следат линија или во пронаоѓање на боја. Робо-рака е натпревар во прецизност и брзина, во кој тимповите треба да го испрограмираат својот робот да извршува одредени задачи брзо, но и перцизно. Целта на хуманоид е да се програмира робот кој ќе игра, а победник е најдобрата кореографија. AI и Raspberry PI е најверојатно најсложениот натпревар во кој учесниците треба да креираат вептачка интелегенција која ќе може да се натпреварува во популарни, иако можеби подзаборавени друштвени игри за двајца како „Tic-tac-toe“ или „Battleship“.

Освен натпреварите и работилницата, дел од програмата се и предавање на засега неоткриени четири говорници. Пријавувањето за настанот трае до 17 мај, а конечната листа на учесници ќе биде објавена на 20 мај.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top