Одличен подарок за празникот, младите македонски информатичари со нов голем успех

во ИТ.МК

Од 1 до 8 септември 2024 во Александрија, Египет, се одржа 36-тата Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2024). Македонскиот тим, составен од Дамјан Давков од Штип, Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, Виктор Максимоски од Гостивар и Софија Велковска од Скопје, постигна значаен успех и успеа да освои сребрен медал.

Меѓу 370 ученици од 96 земји, Дамјан Давков освои сребрен медал, додека Благој Рујаноски Стојановски доби олимписка пофалница, што дополнително го истакнува успехот на тимот. Дамјан беше блиску и до златниот медал кој „му побегна“ за само 9 од можни 600 поени.

Тимот беше предводен од д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Учесниците беа избрани преку натпревари организирани од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) кои се одржуваат преку цела година. Најдобрите ученици покажаа високо ниво во програмирање, анализа на проблеми и дизајн на алгоритми.

„Радосен сум од успехот на нашите ученици, кои се вистински амбасадори на нашата земја. Овој успех се должи на интензивна работа на повеќе волонтери вклучени во работата на Здружението, а можноста за учество на натпреварите ни ја дава поддршката од нашите поддржувачи, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и неколку општествено одговорни компании како Sorsix, Netcetara, Codecham и Loka.

Со ваков млад тим, ученици кои имаат право и следните години да учествуваат на ИОИ, можеме да очекуваме дека следната година ќе имаме уште поголеми резултати, и уште еднаш ќе испишеме историја за Македонија.“, вели проф. д-р Миле Јованов, Претседател на Здружението на информатичарите на Македонија.

Следната година, олимпијадата ќе се одржи во Боливија, а македонските натпреварувачи без сомневање се надеваат на уште подобри резултати. За нашите информатичари следниот предизвик е Балканската олимпијада по информатика (БОИ), која ќе се одржи во Охрид од 20 до 26 септември. Македонија ќе биде домаќин на учесници од 15 земји, а подготовките се во тек.

Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2024) во Египет

ИОИ е еден од водечките меѓународни научни натпревари за ученици, кој се одржува секоја година. На овој натпревар учествуваат одбрани талентирани средношколци од целиот свет, кои натпреварувајќи се ги изоструваат своите информатички вештини, како што се анализа на проблеми, дизајн на алгоритми и податочни структури, програмирање и тестирање.

Годинава, олимпијадата беше организирана од Арапската академија за наука, технологија и поморски транспорт (AASTMT) во соработка со египетските министерства за комуникации, млади и спорт, како и Александриската библиотека.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
mile
mile
1 year ago

Браво за учениците и нивните професори, само така продолжете. Ви сте нашата иднина.