Odium ќе биде најдобрата македонска Android игра досега

Со оглед на тоа дека игратa е во ран пристап, можеби малку претеравме со насловот, но само по 5, 10 минути играње и вие ќе се убедите во истото. Odium засега е единствена Android видеоигра достапна на Google Play која е изработена од инди тимот Dark-1.

Да почнеме од графиката. Играта изгледа прекрасно, нивоата се одлично направени, виузелниот изглед исто така. Гејмплејот на играта е едноставен, играчот со притискање или непритискање на екранот управува со протагонистот, можеби окце (да бидам искрен не сум потполно сигурен што е). Сè што играчот треба на направи е да управува избегнувајќи ги ѕидовите на тунелот или можеби пештерата. Истовремено додека ги избегнувате пречките и замките, играчот треба да собира бонус цели.

Она што е лудо е дека во исто време додека управувате со окото управувате и со музиката. Играта е фокусирана околу оваа функционалност. Најлесно ова ќе го забележите со темпото, но за да видите за што точно станува збор ќе мора да ја изиграте играта.

„Последниве два месеца работиме активно на играта, претходно работевме во слободно време. Идејата е доста стара и започнува на првиот Global Game Jam во Македонија, со темата Hearbeat.

Тогаш развивме едноставен прототип за играта и го освоивме првото место. Во моментов целосно сме посветени на довршување и издавање на Odium“, вели Кристијан Трајковски од Dark-1.

Играта засега е во тест верзија и достапни се 3 нивоа: Bonakwa, Silian Rail и Empire of Chaos. За секое од нивоата има различна музика и изглед. Сите забелешки можете, а и ќе биде корисно да им ги испратите на Dark-1 кои ја подготвуваат финалната верзија на играта. Токму прибирањето на искуствата на корисниците е намената на бета верзијата.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] прв пат се појави на Global Gam Jam 2013, а минатата година излезе првата тест верзија. На 11 мај официјално започнува продажбата на Odium tо the […]