Со најновото надополнување Heroes of the Storm 2.0, кое стапи на сила од 25.мај, сите уживатели во оваа бесплатната-за-играње MOBA на Blizzard, бесплатно добиваат еден пакет од 20 херои.
Ова е временски чувствителна понуда и трае само до 22.мај. До тогаш, сите кои ќе се логираат во играта автоматски добиваат 100 gems, дигитална валута која е доволна за купување на еден од неколкуте пакети со по 20 херои.
Секој од четирите пакети кои се на понуда содржат по 20 херои и се одбрани според одредена тема која е скроена за да подлежи на вашиот стил на играње.
Assassin пакетот е целосно фокусиран на херои кој сејат деструкција со секој направен чекор, а Flex пакетот се чини како најдобрата опција за почетниците или за пополнување најразлични улоги во вашиот тим, бидејќи се одликува со најширок спектар од најразлични улоги и стилови на играње. Во Flex наоѓате по неколку херои од сите останати пакети. Од друга страна, Support & Specialist е замислен да понуди херои кои ќе го одржуваат вашиот тим во одлична форма и ќе нудат флексибилност и стратешки алатки за преминување каква било препрека. За крај, последниот пакет се вика Tanks & Brusiers и е специјално осмислен за оние кои се по блиски и лични пресметки со непријателските херои.
Во случај да не сте сигурни со кој пакет да си се почестите, на официјалната страна, Blizzard има подготвено мини квиз и во зависност од вашите одговори поврзани за вашиот стил за играње, ќе добиете препорака за одреден пакет.
Имајте во предвид дека штом купите еден пакет, сите херои од другите пакети автоматски се заклучуваат и нема да можете да играте со нив се додека не решите да купите некој херој со вистински пари или пак да си присвоите друг пакет од херои за дополнителни gems.